Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Помалку од еден месец остана до почетокот на Светското првенство во фудбал на кое оваа година домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, а првиот натпревар ќе се одигра помеѓу Мексико и Јужна Африка на 11 јуни со почеток во 21 часот по централноевропско време.
Некои репрезентации се соочуваат и со проблеми од административна природа.
Имено, пет репрезентативци од Ирак имаат проблеми со визите, поточно нивните американски визи се одбиени.
Светските медиуми пренесуваат дека станува збор за репрезентативци кои се стандардни во селекцијата на Ирак и треба да се најдат на списокот на оваа репрезентација за Светското првенство.
Имената не се откриени поради приватност, но и поради спроведување на понатамошни административни постапки.
















