Охриѓанецот Осман потпиша за Панатинаикос


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Турскиот кошаркар Џеди Осман, кој е роден во Охрид, реши да се врати во Европа по авантурата во НБА-лигата.

Осман не импресионираше во Сан Антонио, па затоа се врати во Европа каде во иднина ќе го носи дресот на Панатинаикос.

„Дозволете ми да ви потврдам дека од овој момент Џеди Осман е нов играч на Панатинаикос“, кажа првиот човек на клубот Димитрис Јанакопоулос.