ОИ- Германија втор финалист


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во финалето на фудбалскиот турнир на игрите во Рио, ќе гледаме права фудбалска класика.

Нешто порано денеска на многу убедлив начин селекцијата на Бразил обезбеди пласман во финалето на турнирот.

Бразилците го чекаа подобриот од дуелот меѓу Германија и Нигерија, а на крајот ги дочекаа “панцерите”, кои на крајот славеа со 2-0.

Германците веќе поведоа во деветата минута на натпреварот, кога мрежата ја затресе левиот бек на Ред Бул Лукас Клорстерман.

Него добро го доведе младиот Макс Мејер кој покажа дека има многу добра иднина пред него.

Десет минути после тоа, Германците дојдоа до уште една добра шанса, Ларс Бендер прифати центар шут од слободен удар во петерецот на Нигерија, но голамнот на Нигерија Емануел Даниел одлично изреагира, така да до промени не дојде.

Во првите 45 минути Нигерија беше конкурентен ривал, но не успеаа да ја затресат мрежата на младиот голман на Келн Тим Хорн.

Најдобрата шанса ја имаа преку Џон Оби Микел во 31 минута, но неговиот удар беше изблокиран од дефанзивците на Германија. Шансата ја искреира сам фудбалерот на Челси.

На старот на вториот дел, Гнабри имаше прекрасна шанса, но повторно се истакна голманот на Нигерија, Емануел Даниел.

Во 58мата минута Германците повторно се закануваа, овој пат преку стоперот на Борусија Дортмунд Матијаш Гинтер, но неговиот удар отиде преку пречката.

Во 64 минута Микел повторно се закани преку слободен удар, но неговиот шут заврши покрај левата статива.

По 10 минути шанса имаше и Никас Шуле, но неговиот удар по корнерот со глава заврши преку голот.

Конечниот резултат го постави Нилс Петерсен во 89 минута. Му асистираше Селке, а голамот на Нигерија Даниел не можеше да ја сочува мрежата овој пат.

Значи финалето ќе го играат Бразил и Германија, додека за бронзата ќе се борат Нигерија и Хондарус