ОИ во Токио ќе бидат без алкохол, прегратки, автограми…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема алкохол, прегратки, навивање и автограми. Ова се само дел од правилата на организаторите на Олимписките игри (ОИ) во Токио бидејќи никој не сака да ризикува повторно ширење на ковид-19.

Сеико Хашимо, претседателот на организацискиот одбор на ОИ, кои беа одложени минатата година поради пандемијата, денеска кажа дека ќе владеат остри правила на големито настан.

Надлежните за ОИ во понеделник решија да дозволат публика до 10.000 гледачи, но Хашимото предупреди дека не треба да се очекува славеничко расположение какво што покажуваа навивачите на Европското првенство во фудбал.

„Во Европа стадионите се полни. За жал, ние нема да може да го имаме истото“, кажа Хашимото.

Гледачите ќе мора да исполнат некои предуслови за да се најдат на трибините, а дел од нив се проверка на температура и дали имаат маска.