Околу 2.000 навивачи ќе ја тужат УЕФА! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси 2.000 навивачи ќе ја тужат Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради хаосот во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Финалето почна со задоцнување од 35 минути затоа што голем дел од навивачите на Ливерпул не успеаа да влезат на стадионот поради хаосот.

Навивачите бараат отштета за физички и психички повреди кои ги заработиле за време на финалето и сакаат да ги обештети организаторот кој направи неколку пропусти.

Навивачите тврдат дека биле жртви на пропустот, но станале и мета на крадци од Париз кои шетале околу нив и ги напаѓале.