Оливер Кан го избра најдобриот фудбалер во историјата – не е ниту Кристијано, ниту Меси!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот германски голман Оливер Кан тврди дека без никакво двоумење Бразилецот Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Оливер Кан во својата кариера играше против многу големи фудбалски имиња. Исто така, голем дел од нив ги гледаше во живо низ целиот свет, но за него нема дилема кој е најдобар досега.

Бразилецот Роналдо Назарио е без конкуренција за Кан. Тој тврди дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се ни блиску на негото ниво на квалитет.

“За мене, Роналдо беше многу подобар од Меси и Кристијано”, рече Оливер Кан.

Токму славниот Бразилец се погрижи легендарниот чувар на мрежата да не ја освои титулата светски првак во 2002 година. Му даде два гола во финалето и за Оли нема дилема. Тој е најдобриот кој некогаш се појавил.

“Сѐ уште го гледам како најкомплетниот играч некогаш. Бразилскиот Феномен е најдобриот играч кој сум го видел”, вели Кан.

Оли Кан е икона на Баерн. Прагматичниот голман настапи во 632 натпревари за баварскиот гигант и освои апсолутно сè што можеше.

Исто така, играше и за Карлсруе. Токму во овој тим се беше развил, со 153 настапи.

Кан своевремено важеше за еден од најдобрите голмани на светот. Според многумина, е меѓу 10 најдобрите на сите времиња.