Оливие Њокас избран во идеалниот тим на ЛШ

Оливие Њокас се покажа како одлично засилување за Вардар, а одигра неверојатно во мечот против Алборг и постигна седум голови, а фантастичен беше во второто полувреме кога постигна шест гола.

Неговиот брат Кевин беше многу добар против Мешков Брест и постигна 10 гола, додека против Алборг главната улога на теренот му припадна на Оливие и тој доби место во идеалниот тим.

ТИМ НА ТРЕТОТО КОЛО ВО ЛШ

ГОЛМАН – Родриго Коралес (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО – Хуго Дескат (Монпелје)

ЛЕВ БЕК – Оливие Њокас (ВАРДАР)

СРЕДЕН БЕК – Килијан Вилјемино (Монпелје)

ДЕСЕН БЕК – Иманол Гарсиандиа (ПИК Сегед)

ДЕСНО КРИЛО – Гаспер Маргуч (Веспрем)

ПИКЕР – Виктор Итуриза (Порто)

ФОТО: ЕХФ