Олмо доби понуда од омилениот клуб – познати се условите!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо наскоро би можел да го напушти Лајпциг и да се пресели во Барселона, која е подготвена да плати 60 милиони евра за трансферот.

Каталонците повторно имаат финансиски проблеми, но ќе успеат да најдат пари за реализирање на трансферот на Олмо.

Олмо не крие дека негов омилен клуб е Барселона и би сакал да заигра покрај Роберт Левандовски, Илкај Гундоган и останатите.

Барселона наскоро планира да го купи и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но за тоа беше најавено дека ќе биде подигнат кредит.