Она што го оствари бисерот на Ајакс оваа сезона, го можат само Меси и Роналдо…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Штета е само што оваа сезона од соништата не е крунисана со пласман во финалето од Лигата на шампионите. Секунди го делеа од остварувањето на тој сон…

Екипата на Ајакс стана омилена ширум Европа и светот оваа сезона, по феноменалните резултати кои ги оствари и на домашната, но пред се на европската сцена, каде во голем стил ги елиминираа Јувентус и Реал Мадрид и беа на половина чекор од влез во финалето во Лигата на шампионите.

Најголемите европски клубови на големо тргнаа во офанзива на ангажирање на младите фудбалери на Ајакс, но вистински печат на нивната игра даде еден од најискусните, Душан Тадиќ.

Без дилема, ја одигра најдобрата сезона во кариерата, а бројките се импресивни.

На 34 натпревари во холандската лига, постигна 28 погодоци и запиша 14 асистенции.

Во Лигата на шампионите, сметајќи ги и квалификациите, запиша 18 настапи, постигна девет погодоци покрај осуммте асистенции.

Конечно, во Купот на Холандија, одигра четири натпревари, постигна еден погодок и две асистенции.

Во вкупниот збир доаѓаме до следните бројки: 56 натпревари, 38 погодоци и 24 асистенции!

Така што, Душан Тадиќ е директно заслужен за дури 62 погодоци за екипата на Ајакс оваа сезона.

Единствено Лео Меси може да се пофали со подобрар учинок оваа сезона, со 48 погодоци и 22 асистенции во дресот на Барселона, на 48 одиграни натпревари.

Кристијано Роналдо оваа сезона не беше на тоа ниво, но во изминатите сезони покажа колку може, па оттаму и неговото име во насловот.