Она што Ибрахимовиќ и Вела го прават во МЛС е неверојатно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на ЛА Галакси вчера на неверојатен натпревар беа поразени на свој терен од Ванкувер Вајткапс со резултат од 4:3.

Галакси и Вајткапси одиграа неверојатен натпревар, а на крајот гостите славеа со 4:3 и освоија три бодови. ЛА Галакси веќе го осигура пласманот во плеј-офот додека Ванкувер немаат шанси да се најдат меѓу седумте најдобри во Западната конкуренција.

Но, она што треба да се напомене е тоа дека, неверојатниот Златан Ибрахимовиќ го постигна првиот погодок. Швеѓанецот на сцена стапи во 23. минута од натпреварот кога Павон го пронајде, а Ибрахимовиќ одлично ја пласираше топката во мрежата на противниците за резултат од 1:1.

За Златан ова беше дури 29. Погодок во оваа сезона, но и понатаму е втор на листата за најдобри стрелци во оваа лига. Пред него се наоѓа Карлос Вела кој постигна два погодоци повеќе, а Мексиканецот беше стрелец синоќа во ремито на Лос Анџелес и Минесота.