О’Нил ќе го тренира Лејкерс, ама само под еден услов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата, Шекил О’Нил кажа дека би можел да го преземе неговиот бивш тим, кој остана без тренер.

Лејкерс го отпушти Френк Вогел, а О’Нил кажа дека би им станал тренер, но само под еден услов, а тоа е да потпишат четиригодишен договор и да добие 100 милиони долари.

Шекил така би станал најплатен тренер во најсилната кошаркарска лига и ќе добива 25 милиони долари годишно, односно речиси два ипол пати повеќе од Грег Попович.

„Би прифатил соработка со Лејкерс само ако добијам договор на четири години и плата од 25 милиони долари по сезона“, вели Шекил.