Општина Ѓорче Петров ќе му помага на Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар неодамна обезбеди враќање во Првата лига по две години поминати во понизок ранг, а сè уште има финансиски проблеми, но се води битка за да се наминат.

Општина Ѓорче Петров реши да му помогне на најтрофејниот македонски клуб и се договори Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково.

„ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот.

Денес на средбата со претставниците од навивачката група Комити кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест,  договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.

По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.

Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор. Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!“, објави градоначалникот Александар Стојкоски.