Осака ја реши Брејди и го освои Австралијан опен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонската тенисерка Наоми Осака славеше против Џенифер Брејди со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3 и така го освои трофејот на Австралијан опен.

Осака играше неверојатно на првиот гренслем-турнир во сезоната и на крајот заслужено ја освои титулата во финалето во Мелбурн.

Брејди не можеше да понуди ништо повеќе освен мал отпор во првиот сет, кој го доби Осака со 6-4, додека во вториот јапонската тенисерка без проблеми стигна до 6-3.