Осимен има барања кои се превисоки за Челси


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Англискиот гигант Челси бара нов напаѓач за следната сезона, а главна желба им е Виктор Осимен од Наполи.

Челси ќе мора да плати околу 100 милиони евра за трансферот на Осимен, но проблем прави платата која ја бара напаѓачот.

Осимен наводно побарал плата од 589.000 евра неделно со што би станал најплатен фудбалер на „Стемфорд бриџ“.

Челси наводно не е подготвен да му ги исполни барањата и поради тоа би можел да се обиде да купи друг напаѓач до крај на преодниот рок.