Осимен: Не ме интересира ниту Јунајтед, ниту Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен игра одлично оваа сезона и го предводи калчолигашот кон скудетото во Серија А.

Осимен со неговите настапи привлече голем интерес од европските гиганти, а меѓу нив се Манчестер јунајтед и Челси.

„Во моментов не ме интересира ниту Јунајтед, ниту Челси. Ме интересира само Наполи и ништо друго. Што ќе се случи со мене и Наполи, ќе видиме на крајот на сезоната. Нормално е европските гиганти да следат фудбалери кои се во форма, но тоа мене не ми создава притисок. Имаме многу работа во клубот и на одличен пат сме да направиме нешто големо оваа сезона“, кажа Осимен.

Осимен во моментов има постигнато 18 голови во Серија А.