Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси бара ново засилување во нападот откако Џексон не се прослави на стартот на сезоната, а тренерот Маурицио Покетино веќе има неколку желби.
На листата со желби на Покетино се наоѓа Виктор Осимен од Наполи, но мала е веројатноста дека калчолигашот ќе се согласи на трансфер, иако имаше проблеми со напаѓачот во изминатите денови.
Втор на листата е Иван Тоуни од Брентфорд, кој е суспендиран до средината на јануари поради тоа што ги прекршил правилата и се обложувал.
Трета опција за „сините“ е голгетерот на Феенорд, Сантијаго Хименез кој има само 22 години и оваа сезона постигна 10 гола и две асистенции на седум меча во холандското првенство.