Осимен веќе избрал нов клуб – чека само повик?


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е еден од најпосакуваните фудбалери во моментов меѓу европските гиганти, а наскоро се очекува Баерн Минхен да испрати понуда од 100 милиони евра за неговите услуги.

Германскиот шампион ќе испрати понуда од 100 милиони евра за Осимен, иако се очекува Наполи да побара повеќе пари за неговиот потпис.

Баерн Минхен сè уште бара соодветна замена за Роберт Левандовски, кој замина минатото лето во Барселона.

Во моментов за Осимен се заинтересирани и Манчестер јунајтед и Челси, но наводно желба на напаѓачот била да игра во Бундеслигата.