Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повратникот во најсилната лига во англискиот фудбал Мидлзборо има сериозни намери во следната сезона во Премиер лигата.
После долго отсуство, клубот од Риверсанд суверено се врати во Премиер лигата и има намера да има забележителна улога во друштвото на најдобрите.
За тоа во прилог оди и фактот дека Боро доведе веќе осуммина фудбалери кои имаат искуство во играње на највисоко ниво.
Тоа што е убаво за овој тим, е фактот дека доведоа спој на младост и искуство, односно доведоа неколку фудбалери кои веќе долго време се членови на најсилните тимови на светот како Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона или Манчестер Сити, а во исто време доведоа и млади фудбалери кои можат да претставуваат иднина на фудбалот.
После Алваро Негредо, Мартин Де Рон, Виктор Валдес, Антонио Бараган, Виктор Фишер, Гастон Рамирез и Бернардо Еспиноза, во клубот стигна уште еден фантастичен и искусен голман Брад Гузан.
Гузан стигна од Астон Вила која испадна во Чемпионшип по прв отакако Премиер лигата постои, но американскиот голман не сакаше да оди во понизок ранг, па премина на Риверсајд.