Остварување на сонот на љубителите на Балканот: Наскоро почнува Балканска лига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската лига на поранешната југословенската република конечно ќе заживее, а ќе ја поддржи УЕФА  со вложување на три милиони евра, дознава „Блиц“.

Она за што тивно се зборуваше на разни состаноци од Вардар до Триглаф, конечно може да добие потврда. Фудбалска лига на поранешната југословенска република ќе биде формирана од наредната сезона, 2017/2018, дознава „Блиц“!.

После одигрување на националните лиги ќе се игра натпреварување по примерот на кошаркарската Аба лига, ракометната СЕХА, ватерполо…Со тоа што ќе се подигне квалитетот на сите клубови, а ќе донесе и атрактивни мечеви, ќе привлече навивачи, спонзори, медиуми…

Прв и најважен предудслов за формирање на лигата е остварен. Европската куќа на фудбалот ќе застане позади ова првенство, поддршката ќе ја поткрепи со вложување на три милиони евра, а веќе сега е затворена финансиската конструкција.

Тоа што дополнително може да ги убеди клубовите да прифатат на новото натпреварување е напредокот во Лигата на шампионите.

Имено, шампионот од овој шампионат може да има осигурано место во најсилното натпреварување.

Тоа што сите најмногу ги интересира кои земји ќе имаат тимови во новоформираното натпреварување. Лигата ќе ја сочинуваат 12 клубови, тука Србија и Хрватска ќе имаат најмногу претставници. Тие би дале по три или четири клубови, од Босна и Херцеговина ќе има два тима, додека по една екипа ќе има од Словенија, Црна Гора и Македонија.

Единствен потенцијален проблем може да бидат навивачите. Познато е дека приврзаниците на клубовите од поранешните републики воопшто не се во добри односи, но и тоа многу лесно може да се среди.

Впрочем, истите проблеми ги имаа и челниците на кошаркарката регионална лига на почетокот, но сега нема никакви конфликти меѓу навивачите.

Се е само прашање на воља тоа да се реши, пишува белградски Блиц.