Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија во финалето на јуниорското Европско првенство (ЕП) Б-дивизија славеше со 98-88 против Австрија.
Македонските кошаркари имаа одличен турнир и запишаа дури осум победи со што се искачија на тронот.
Освоената титула значи и пласман во А-дивизијата за младите македонски кошаркари пред кои е светла иднина.
Плејмејкерот и капитен на македонската репрезентација Никола Јаничиќ апсолутно заслужено е прогласен за МВП на Европското јуниорско кошаркарско првенство што се одржа во Скопје.