Освојувачот на Златната топка го напушта Светското првенство – мора на операција!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанија доживеа сериозен удар на Светското првенство – Родри нема да може да го продолжи учеството на турнирот, откако е потврдено дека наскоро го чека операција, пренесуваат британските и шпанските медиуми.

Како што наведува „Дејли мејл“, медицинскиот тим по дополнителните прегледи донесе одлука дека хируршкиот зафат е неизбежен, поради што неговиот настап на првенството заврши предвреме.

Родри беше еден од клучните играчи во системот на Шпанија, а неговото отсуство претставува огромен проблем за селекторот во продолжението на натпреварувањето. Особено се истакнува неговата улога во контролата на ритамот на играта и стабилноста на средниот ред, што сега станува сериозен предизвик за тимот.

Иако сè уште се чекаат официјалните детали за природата на повредата, странските медиуми истакнуваат дека се работи за проблем кој не може да се реши без операција и подолготраен опоравок.