Освојувачка на Ролан Гарос го победи ракот: Имам убави вести… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскат атенисерка Франческа Скиавоне повеќе од една година се бореше за својот живот и на крајот успеа да ја добие тешката битка.

Поранешната четврта тенисерка во светот и освојувачка на Ролан Гарос од 2020 година на Твитер објави видео на кое навивачите можеа да слушнат добри вести.

„По седум или осум месеци тишина на социјалните мрежи, морам да го споделам со вас тоа што ми се случи. Ми беше дијагностициран рак, поминав хемотерапија и тешка борба во која победив. Сега повторно дишам и подготвена сум за акција“, порача Италијанката.

Пред девет години таа стана првата Италијанка која успеала да освои трофеј на земјена подлога на гренслемот во Париз, а кариерата ја заврши по минатогодишното издание на Ју-Ес Опен.