Откако се откажаа од Де Брујне, Граѓаните го бркаат и Бернардо Силва?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На крајот на сезоната му истекува договорот, а нов, според Британците, нема да му биде понуден.

Португалскиот играч од средината Бернардо Силва (31), кој веќе осум години е еден од клучните фудбалери на Manchester City, уште сега знае дека по завршувањето на сезоната ќе мора да бара нов работодавец.

Раководството на <ем>Граѓаните нема намера да му го продолжи договорот на Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми. Така Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), од кого се откажаа откако десет години беше потпора на екипата. Де Брујне летово како слободен играч потпиша за италијанскиот шампион Наполи.

Во осум сезони на Етихад, Силва постигна 72 голови и 74 асистенции и освои шест титули на англискиот првенец, два ФА купа и Лигата на шампиони (2023).