Откажана трката за Големата награда на Франција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот направи големи проблеми во светот на спортот, а тоа се однесува и на новата сезона во Формула 1.

Новата сезона требаше да почне на средината на март со трката за Големата награда на Австралија, но беше одложен стартот поради пандемијата.

Потоа беа одложени уште неколку трки, па на никого не му е јасно како ќе изгледа календарот со трки за новата сезона.

Многумина се надеваа дека сезоната ќе почнеше следниот месец со трката за Големата награда на Франција, но тоа нема да се случи затоа што утрово беше откажана трката, која требаше да се вози на 28 јуни.

Претходно беа откажани трките во Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан, Канада и Монако.