Откажано финалето во Дејвис Купот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финалниот турнир во Дејвис Купот, кој требаше да се одржи во Мадрид, офицјално е откажан. Тој беше закажан најпво за период од 23 до 29 ноември годината, но сепак мораше да биде одложен за следната.

Меѓународната тениска федерација ја потврди одлуката и порача дека Дејвис Куп финалето ќе се игра во период од 22 до 28 ноември следната година.

Одложувени се и 24 квалификациски средби од Светската група 1 и 2, кои требаше да се одиграат во текот на септември, за следната година, односно за март или септември.

„Ова е големо разочарување за сите нас. Не знаеме како ќе се одвива ситуацијата во светот, како ниту дали мерките ќе бидат намалени во Шпанија, па така не е можно да предвидиме што ќе се случува во ноември и да ја гарантираме безбедноста на сите кои ќе стигнат во Мадрид“, кажа Жерар Пике, претседател на Космос тенис.

Организаторите објавија дека финалниот турнир во 2021 година ќе се одржи со 18 екипи, кои требаше да учествуваат и сезонава.