Откриени деталите од нападот врз Кол: Го мачеле пред децата и сакале да му сечат прсти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шест маскирани напаѓачи влегле во јануари 2020 година во домот на легендарниот англиски фудбалер Ешли Кол, по што го ограбиле, но притоа решиле и да го мачат пред семејството.

Обвинителството го опиша нападот во неговиот дом како насилен, а за деталите во текот на судењето зборуваше главниот обвинител Мајкл Брејди.

„Ешли Кол го врзале за стол пред неговата жена и деца, а еден од разбојниците предложил да му сечат прст. Биле вооружени, а ниту присуството на децата не ги запрело да го малтретираат“, вели Брејди.

Истата група предводена од 44-годишниот Куртис Дилкс е обвинета дека ограбила куќа и на поранешниот играч на Тотенхем, Том Хадлстон.