Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таа вест денеска ја потвреди кинеската државна телевизија CCTV, а по повод тоа нашиот портал ви открива кој е човекот кој го откупи Милан.
Се работи за шестиот најбогат човек во Кина, сопственик на многу веб-страници кои се водат во Азија. Неговото име е Робин Ли, а повќе пати се споменуваше во медиумите како можен купувач на Милан од Силвио Берлускони.
Тој е сопственик на конзорциумот кој го откупи Милан, а богатството според Форбс му се проценува на нешто повеќе од 14 милијарди долари. Ли е основач на азискиот интернет пребарувач Баида, кој претставува еквивалент на Гугл во остатокот на светот.
Истотака, отсекогаш се интересираше за фудбалските клубови, па така е сопственик на три фудбалски клубови во Кина.
Вложува многу пари во спорт, а наведе дека огромни пари ќе вложи за опоравување на Милан кој веќе пет години не знае за трофеј во Италија и Европа. Позната е и сумата за која ќе го откупи Милан, а таа е 390 милиони долари, а ќе му припаднат 70 % од акциите на клубот.