Откриено кој е виновен за скандалозниот транспарент на мечот Сити – Барнли


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачот на Барнли, Џек Хепл призна дека е одговорен за расистичкиот банер, кој се појави на мечот меѓу Манчестер сити и неговиот клуб.

Авион го носеше транспарентот на кој пишуваше „животите на белците се важни“, а фудбалскиот клуб остро ја осуди неговата постапка.

Барнли оваа соопштение го објави вотекот на мечот, откако се појави авионот над стадионот, а на „Итихад“ тие доживеаа вистински дебакл.

„Тоа, ниту на било кој начин, не претставува нешто за што Барнли се залага и во целост ќе соработуваме со властите да го идентификуваме одговорниот за овој инцидент“, соопштија од клубот.

Хепл призна дека тој го договорил транспарентот, но порача дека немма намера на никого да му се извини.