Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американската скијачка Микаела Шифрин ќе мора да паузира еден месец откако заработи повреда на абдоменот и тешка мускулна траума за време на паѓање на трката во велеслалом во Килингтон.
Шифрин во саботата ја бркаше својата стота победа во Светскиот куп кога ја загуби рамнотежата и со целосна брзина удри во заштитната мрежа. Американката објави дека ќе бидат потребни „најмалку неколку недели“ за да биде повторно способна да скија.
„Буквално имам рана на абдоменот и прилично значителна мускулна траума”, рече Шифрин. „Започнуваме процес на закрепнување и се надевам дека наскоро ќе можам повторно да скијам“.
Шифрин претходно пропушти шест недели поради повреда на коленото во пад на голема брзина во јануари, додека се натпреваруваше во спуст во Светскиот куп во Кортина д’Ампецо.
Потоа целосно ја исфрли дисциплината од својот распоред. Шифрин веќе се смета за најуспешната алпска скијачка во историјата на Светскиот куп откако во март го надмина рекордот од 86 победи на шведската легенда Ингемар Стенмарк.
.