Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба го одби Реал Мадрид и е одлучен да се врати на Олд Трафорд.
Така во минатите недели тврдеа бројните светски медиуми, но се чини дека оваа информација има и друг пар на ракави.
Имено, Французинот одмора во САД, истакна дека Старата дама е негова втора фамилија, но и дека ќе размислел доколку дојде повик од Жозе Мурињо.
Сепак, денешното издание на АС тврди дека тоа всушност е само параван, и дека желно исчекува повик од Мадрид.
Наводно Кралевите силно сакаат фудбалер на Јувентус, и поради тоа го препуштија и Канте на Челси.
Прашање е само зошто толку одолговлекување? Реал очигледно не стои одлично финансиски, и дека се принудени да продаваат за да доведат засилувања.
Хамес Родригез е во излогот, Начо Фернандес е на чекор од Рома, а сигурно е дека ќе има уште заминувања.
Реал ќе мора да искешира околу 120 милиони евра, колку што всушност бара Јувентус, а Зидан во својот сонародник гледа идеално засилување.
Италијанските медиуми блиски на Старата дама тврдат дека доколку не стигне понуда од Мадрид, Погба ќе остане во Торино и така го занемаруваат повикот на Жозе Мурињо.