Откриено зошто Лорис сакаше да го истепа Сон (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем синоќа на домашен терен го победи Евертон со 1-0, а мечот го одбележа инцидентот меѓу фудбалерите на домашнио тим.

Откако судијата свиреше крај на првото полувреме, Уго Лорис се налути и тргна кон Хеунг-Мин Сон за да се пресмета со него.

По мечот Лорис објасни дека тоа било поради адреналин, како и дека тој и Сон се во добри односи. Исто така, откри дека бил лут што Сон не учествувал во притисокот на одбраната на Евертон.

На социјалните мрежи се појави и видео-снимка, која покажува дека Сон се откажал од таа намера, а тоа предизвика проблем затоа што Евертон имаше одлична шанса за да израмни на 1-1.