Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем игра лошо сезонава, а тренерот Маурицио Покетино се соочува со потешкотии, посебно по поразот од 2-7 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони од Баерн Минхен и тоа во Лондон.
Иако многумина очекуваа дека по очајниот меч Аргентинецот ќе добие отказ, сепак тоа нема да се случи, а причината е едноставна.
Доколку му дадат отказ, Покетино ќе треба да добие 32 милиони фунти. Првиот човек на клубот, Даниел Леви е познат како скржливец, па поради тоа тешко може да се очекува дека ќе му даде толку многу пари на тренерот.
Затоа Покетино ќе ја задржи работата уште некое време, а Леви цврсто стои зад него, но причината сигурно не е тоа што му го простил поразот, туку причината се – парите.
Да потсетиме, Тотенхем минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампиони. Тие играа одлично, но во текот на летото многу работи се променија.