Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По долгата пауза поради пандемијата на коронавирус, вчера се одиграа натпреварите во Премиер лигата, а Астон Вила и Шефилд Јунајтед играа први.
Тогаш во тој натпревар се случи голема грешка на „Хок-ај“, кој е задолжен за технологијата на гол линијата во натпреварите во Премиер лигата.
После 42 минути игра, екипата на Шефилд постигна гол кој не беше признат. Имено, домашниот голман Орјан Најланд влезе во голот со топката во рацете, но гол-технологијата не го регистрираше како гол.
Имаше и објаснување од „Хок-ај“, кој е надлежен за технологијата на гол линијата, кој упати и извинување до Шефилд и Премиер лигата.
“Судијата не доби сигнал дека топката влезе во голот затоа што се случи нешто што за прв пат бевме сведоци. Ова не го видовме на 9000 натпревари. Сите седум камери кои ја покриваат гол линијата е покриена од голманот, фудбалерот и конструкцијата на голот. Се извинуваме на Премиер лигата и оштетениот клуб “, објави Хок-ај.