Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, во петокот вечер беше примен во болница, бидејќи со денови се чувствувал лошо.
Клубот тогаш не прецизирал зошто тренерот останал во болница, но сега е обелоденето дека се работи за воспаление на белите дробови и дека поради опоравокот, Хау нема да го води тимот на уште два натпревари. Екипата без него ќе биде во среда против Кристал Палас и во сабота против Астон Вила.
Во негово отсуство, Њукасл во неделата против Манчестер Јунајтед на клупата ги водеа Џејсон Тиндал и Грејем Џоунс, а црно-белите тој дуел го добија со убедливи 4:1.
Фото: Њукасл/ФБ