Отпишаниот Швајштајгер експресно ја доби првата понуда

Жозе Мурињо пред неколку дена се одлучи дефинитивно да го пречкрта Бастијан Швајнштајгер, на кој нема да смета во својата ера на Олд Трафорд.

Овој 31-годишен фудбалер моментално поминува низ многу бурен период во животот, а после свадбата, е отпишан во Јунајтед и се повлече од репрезентацијата може да дојде и трансфер во нов клуб.

За отпишаниот Швајнштајгер веќе стигна првата понуда и тоа од Шалке, кој сериозно е заинтересиран да го врати овој искусен фудбалер на средината на теренот во Бундеслигата.

Наводно Шалке за Швајнштајгер е спремен да плати 12 милиони евра, што секако не е оштета што може да претставува проблем за клубот од Гелзенкирхен.