Отворена истрага против ѕвезда на Арсенал поради – жолт картон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија почна истрага против непознат фудбалер на Арсенал поради можното кршење на правилата за обложување.

Истрагата е почната откако голема сума на пари била уплатена на еден од фудбалерите да добие жолт картон во натпревар на Арсенал.

Не е објавено името на играчот, ниту мечот на кој добил жолт картон, но навивачите на Арсенал веруваат дека знаат за кого станува збор.

Навивачите се „сигурни“ дека тоа е Гранит Џака, кој сезонава без никаква потреба доби жолт картон на натпреварот против Лидс јунајтед.

Швајцарскиот репрезентативец доби жолт картон поради задржување на времето на неколку минути пред крајот, и тоа при резултат 4-1 за Арсенал.