Ова е доказ дека најслабата алка на Челси е голманот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман на голот на Плавите, Кепа Аризабалага, постојано е на удар на јавноста на Островот поради неговите бледи игри.

Челзи, предводен од повеќе нови играчи, немаше проблеми синоќа на гостувањето во Брајтон славејќи со сигурни 1:3.

Головите за тимот на Френк Лампард ги постигнаа Жогињо, Џејмс, односно Зума, додека утешниот погодок за Брајтон беше дело на Тросард.

Англичаните едноставно се мајстори за статистика и тешко дека можат да пропуштат интересни податоци. Така, британски новинар по име Ричард Жоли го забележа фактот дека голманот на Челси, Кепа Аризабалага, вклучувајќи го и финишот од минатата сезона, прими дури девет погодоци од последните 13 удари.

Покрај вечерашниот натпревар, во споменатата статистика беа вклучени и последните два од претходната сезона, поточно мечот со Ливерпул 5:3 и со Шефилд 0:3.