Ова е крајот: Азар замина во пензија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Еден Азар во изминатите години не се прослави во редовите на Реал Мадрид, по што летово си замина како слободен играч, а денеска реши да ја заврши кариерата.

Азар си го исполни сонот и го носеше дресот на „кралевите“, откако претходно блесна во редовите на Челси.

„Треба да се послушаш и да кажеш доста во вистински момент. По 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ставам крај на фудбалската кариера. Си го остварив својот сон, играв и се забавував на многу делови од светот. Им се заблагодарувам на моите клубови, семејството и пријателите. Време е да уживам“, соопшти Азар.