Ова е крајот: Пике и Алба си заминуваат од Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двајцата искусни фудбaлери Жерар Пике и Жорди Алба ќе ја напуштат Барселона, откако раководството им соопштило дека повеќе не му се потребни на тимот.

Шпанските медиуми објавија дека управата ги известила Пике и Алба да си бараат нови тимови за иднината, но засега не е познато дали ќе заминат во јануари или во јуни следната година.

Алба има договор до следното лето, додека Пике имаше соработка до јуни 2024 година, но сепак истата ќе биде прекината следното лето затоа што раководството сака да го подмлади составот.

На Чави Ернандез добро му оди оваа сезона по големиот број засилувања и во моментов има само два бода негатива зад Реал Мадрид.