Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Одличниот дефанзивец на англискиот Кристал Палас, 25-годишниот Марк Геи, на маса има понуди од најголемите клубови во светот и навистина ќе има тежок предизвик да го избере новиот тим.
Феноменалниот стопер Марк Геи беше минатото лето многу близу до трансфер во Ливерпул. Ги помина лекарските прегледи на Анфилд, но трансферот потоа пропадна во последен момент.
Геи остана дел од Кристал Палас, каде што со години наназад игра одлично, а доказ за каков дефанзивец станува збор се и понудите што ги има на маса.
25-годишникот го сакаат веројатно најдобрите тимови во светот во моментов. Покрај Ливерпул, кој повторно се обидува да го доведе, тука се и понудите од Баерн, Барселона и Реал Мадрид.
Баерн веќе имаше два состанока со менаџерите на англискиот фудбалер. Се чека одлуката на Дајот Упамекано и ако Французинот одлучи да замине, Баварците тргнуваат со сите сили по Геи.
Реал Мадрид исто така е сериозно заинтересиран за услугите на овој стопер. Кралевите имаат најголем проблем во дефанзивата и веруваат дека Англичанецот е решението.
















