До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ одлично ја започна оваа сезона ако ги погледнеме очекувањата, играше финале на Австралија опен каде беше поразен од одличниот Карлос Алкараз, па така ќе мора да чека за својата 25-та гренд слем титула.
Но, продолжува по својот пат, ќе се подготвува за наредните големи турнири, а првиот голем е турнирот во Индијан Велс каде што Новак претходно имал доста успех (пет титули), но сите се до 2016 година.
Минатата сезона беше поразен од Ботик ван де Зандшулп во второто коло.
Неговото учество не е потврдено лично од него, туку од страна на организаторите кои објавија список на учесници, а и постер на кој Новак е во прв план.
















