Ова е снимката на Јокиќ од забивање што ги воодушеви сите (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Никола Јокиќ одигра одличен натпревар против Чикаго, во предсезонската победа на Денвер со резултат 124:117, и беше на чекор до трипл-дабл ефект!

Србинот го заврши натпреварот со 18 поени, осум скока и осум асистенции, а посебно ја воодушеви кошаркарската јавност со еден потег во завршницата на третата четвртина.

Имено, во ситуација кога Денвер водеше со предност од 22 поени, Јокиќ истрча контранапад низ целиот терен и забиваше со една рака. Доволно за да предизвика реакции во САД.

– Погледнете го Никола Јокиќ како трча по теренот за лесно да забива три минути пред крајот. Да, овој тип не се грижи за кошарката – напиша новинарот Џоел Раш.

.