Ова не го очекувавме: Леао објави песна во чест на Кристијано Роналдо (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рафаел Леао и Кристијано Роналдо имаат специфичен однос, дали ќе го промени оваа песна на подобро или на полошо, ќе видиме.

Ако мислевте дека во модерниот фудбал сте виделе сè, од TikTok прослави на голови до YouTube документарци за појадокот на фудбалерите, сте се излажале.

Зашто 2026 година ни донесе, сосема логично, музички спот на Франко Леао, таткото на Рафаел Леао, посветен, на кого друг, Кристијано Роналдо, по повод неговиот роденден.

Таткото на еден од најталентираните крилни напаѓачи на денешницата одлучи да му честита роденден на најголемата фудбалска икона на 21 век со песна, танц и естетика која не би засрамиле ни доцните ТВ програми од почетокот на 2000-тите. Роналдо, се разбира, е во центарот на се, златен, извајан, скоро митски. Во еден момент и премногу златен, ако се суди по реакциите на публиката.

.