Ова се најплатените кошаркари во НБА по одиграни минути! (ФОТО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поради коронавирусот запрени се многу натпреварувања во светот, меѓу кои и НБА-лигата, па кошаркарите мораше да заминат на принуден одмор.

Многумина сезонава одмараа повеќе од останатите, некој поради повреда или помала минутажа, но на сметката редовно им пристигнува плата.

Листата на најплатени кошаркари по минута ја предводи кошаркарот на Атланта хокс, Чендлер Парсон. Тој има огромен договор, годинава ќе добие повеќе од 25 милиони долари, а одигра само 54 минути.

Тоа значи дека Парсон по минута заработува повеќе од 460.000 долари и апсолутно е најплатен играч во лигата по минута.

Зад него се уште неколку добро познати имиња, а вака изгледа листата на најплатени кошаркари во НБА-лигата поминута.