Ова за Хенрик Михтаријан не го знаевте


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативецот на Ерменија стигна во ова лето во Јунајтед од Дортмунд за 26 милиони фунти.

Михтаријан призна дека отсекогаш му била голема желба да заигра на Олд Трафорд, но дека со овој потег го остварил сонот на неговиот татко.

Сепак, после тоа овој фудбалер се одлучи да ја открие тажната приказна која пред десетина години ја потресе неговата фамилија. Имено, неговиот татко почина на 33 години од животот од рак што беше голем удар за играчот на Јунајтед.

„Мојот татко сакаше фудбал и беше мој водител во светот. Прерано го загубив, но се заколнав дека ќе го остварам неговиот сон и да заиграм за Јунајтед. Тажен сум што тој не тука заедно да го славиме овој момент, но знам дека ме следи од некое подобро место. Сакам да биде горд на мене и се надевам дека е“, рече Михтаријан.

Неговиот татко Хамлет истотака беше фудбалер соевремено, но поради тешка повреда беше приморан да ја заврши својата кариера.