Овен се сети на натпревар од 1998: Дојде и ми рече дека ќе ми ги скрши нозете


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен даде една навистина интересна изјава поврзана со натпревар од  1998 година.

Тогаш Овен кaко 19 годишник блескаше во дресот на Ливерпул, а пред натпреварот против Њукасл, Стјуарт Пирс му се заканил дека ќе му ги скрши двете нозе.

„Се сеќавам дека тоа беше првиот натпревар по Мундијалот каде играв навистина добро. Одев кон својата позиција во нападот, а потоа  Стјуарт Пирс дојде и рече дека ќе ме чува денес. Се сеќавам како ми рече „Сине денес играш против мене и ќе ти ги скршам двете ноѕе ако треба“. Малку се изненадив зошто никој претходно не ми се закануваше“ –изјави Овен.

Сепак, Овен не се преплашил од Пирс затоа што по само 45 минути постигна хет-трик, а натпреварот Ливерпул го доби со 4:1.