Овен со чудна теорија: Мане не изнудува пенали за да не може Салах да дава голови?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул е ужасен на домашен терен оваа сезона и веќе „врза“ пет порази по ред на „Енфилд“, а легендата на клубот, Мајкл Овен има чудна теорија.

Овен не верува што се случува на неговиот поранешен клуб и смета дека за оваа пропаст се виновни Садио Мане и Мохамед Салах, односно нивната трка за голови и статус за прва ѕвезда на тимот.

„Не можам да верувам дека не падна. Слично направи и против Шефилд. Можеби помисли дека Салах повторно ќе даде гол, ако падне. Сведоци сме дека тие двајца се бркаат за статусот за најдобар стрелец. Можеби тоа е луда теорија, но тие двајца имаат големо влијание на тимот и натпреварувачки дух“, вели Овен.