Овој отказ не би можел да се случи без Јокиќ


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Никола Јокиќ сега е обвинет и за смената на Мајкл Мелоун. Секако, тоа беше само изговор на Кендрик Перкинс да повторно нападне на Србинот.

Денвер одлучи да го отпушти тренерот Мелоун, но и генералниот менаџер Кевин Бат откако се пишува дека дошло до судир.

Перкинс смета дека голема улога во сето тоа има Јокиќ кој се прашува за многу нешта во неговиот тим. Перкинс веќе со месеци наназад зборува дека Мелоун треба да добие отказ.

„Овој отказ не може да се случи без одобрување на Никола Јокиќ. Знам дека веројатно ќе продолжат да се шират разни шпекулации, уште сè на некој начин е свежо. Но, нема шанси некој да ме увери дека играч од таков калибар немал никаква улога ниту кажал свое мислење кога е во прашање отказот на тренерот Мајкл Мелоун“.

Фото: Денвер Нагетс/ФБ