Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Шпанија останаа без последниот тренинг пред финалето на Светското првенство против Аргентина.
Екипата на Луис де ла Фуенте требаше да тренира во тренинг центарот „Мелани Лејн“ во Њу Џерси, но сесијата прво беше суспендирана, а потоа целосно откажана поради силната бура што го зафати подрачјето на Њујорк и Њу Џерси.
Шпанската федерација за фудбал соопшти дека тренингот е прекинат во согласност со безбедносните протоколи во САД поради бурата.
„Тренингот на шпанската репрезентација на терените на тренинг центарот Мелани Лејн во Њу Џерси е суспендиран во согласност со американските безбедносни протоколи за бури. Играчите моментално се загреваат во затворен простор“, се наведува во соопштението на RFEF.
Според правилата, секој спортски настан на отворено мора да биде прекинат ако се детектираат громови или електрична активност во радиус од осум километри. Продолжувањето е можно само ако во наредните најмалку 30 минути нема нови удари од гром.
FIFA потврди дека за Шпанија нема да има алтернативен термин за тренинг.
















