Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Месут Озил ќе навива за Тотнем во дербито против Манчестер сити, затоа што сака неговиот поранешен клуб Арсенал да ја освои титулата.
Арсенал чека помош од градскиот ривал во трката за титулата во Премиерлигата и се надева дека Тотнем ќе ги запре „граѓаните“.
„За првпат ќе навивам за Тотнем. Доколку не загубат од Манчестер сити, никогаш повеќе нема да ги исмевам, ви ветувам“, напиша Озил.